Турција повторно ја тресат земјотреси, овојпат во Адана: ,,Повеќе од еден месец, земјата не се смирува”

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди јужната турска провинција Адана.

Канцеларијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот попладнево го погодил округот Сајмбејли на длабочина од 7,7 километри.

Земјотресот се случи додека Турција се бори со последиците од разорните земјотреси од 6 февруари, во кои загинаа повеќе од 47.900 луѓе.

Повеќе од 13 милиони луѓе во Турција беа погодени од силни земјотреси.