Белградската полиција го уапси Р.Б., таткото на У.Б.(21), осомничен за масакрот во Младеновац, кој во крвавата гозба уби осум жители во три тамошни села – Мало Орашје, Дубона и Шепшин. Неговата најмлада жртва е 15-годишно момче
Засега не се знае за какво кривично дело се товари приведениот татко.
Уапсениот татко е поранешен припадник на војската на Србија и му е одреден притвор до 48 часа. На неговиот син, кој е осомничен за осумкратно убиство, му е одредена мерка притвор до 30 дена.
Да потсетиме, минатиот петок, 21-годишниот У.Б. , вооружен со автоматско оружје, тргнал во крвава треска во која наизменично пукал во соседите што ги затекнал во трите споменати села. Тој е уапсен во полициска акција, по 9-часовна потрага, кога бил пронајден во крагуевачкото село Вињиште, каде се криел во кокошарник на имотот на неговиот вујко и дедо.