УАПСЕН ТАТКОТО НА МАСОВНИОТ УБИЕЦ ОД МЛАДЕНОВAЦ: Приведен во полициска станица! Неговиот син доби притвор до 30 дена

Белградската полиција го уапси Р.Б., таткото на У.Б.(21), осомничен за масакрот во Младеновац, кој во крвавата гозба уби осум жители во три тамошни села – Мало Орашје, Дубона и Шепшин. Неговата најмлада жртва е 15-годишно момче

Засега не се знае за какво кривично дело се товари приведениот татко.

Уапсениот татко е поранешен припадник на војската на Србија и му е одреден притвор до 48 часа. На неговиот син, кој е осомничен за осумкратно убиство, му е одредена мерка притвор до 30 дена.

Да потсетиме, минатиот петок, 21-годишниот У.Б. , вооружен со автоматско оружје, тргнал во крвава треска во која наизменично пукал во соседите што ги затекнал во трите споменати села. Тој е уапсен во полициска акција, по 9-часовна потрага, кога бил пронајден во крагуевачкото село Вињиште, каде се криел во кокошарник на имотот на неговиот вујко и дедо.