Од утрово голем број на граѓани од Блеград се собираат во населбата Врачар, пред основното училиште „Владислав Рибникар“, каде одбележуваат 40 дена од невиденото злосторство кога Коста К. уби девет деца и еден чувар во училишните простории со пиштолот на татко му, јавуваат соседните медиуми.
Граѓаните оставаат свеќи, цвеќиња и играчки, а меѓу граѓаните кои сакаа да оддадат почит бил и министерот Раде Баста, кој положил букет цвеќе.
Меѓутоа, меѓу цвеќињата и играчките е пронајден еден бизарен детал. На оградата од училиштето некој оставил капа со куршум.
Луѓето веднаш повикале полиција, која се обидува да утврди дали се работи за вистински куршум и кој го оставил таму.