Ужасен детал меѓу цвеќињата пред белградското училиште каде што беше извршен масакрот – итно повикана полиција – еве што било пронајдено!

Од утрово голем број на граѓани од Блеград се собираат во населбата Врачар, пред основното училиште „Владислав Рибникар“, каде одбележуваат 40 дена од невиденото злосторство кога Коста К. уби девет деца и еден чувар во училишните простории со пиштолот на татко му, јавуваат соседните медиуми.

Граѓаните оставаат свеќи, цвеќиња и играчки, а меѓу граѓаните кои сакаа да оддадат почит бил и министерот Раде Баста, кој положил букет цвеќе.

Меѓутоа, меѓу цвеќињата и играчките е пронајден еден бизарен детал. На оградата од училиштето некој оставил капа со куршум.

Луѓето веднаш повикале полиција, која се обидува да утврди дали се работи за вистински куршум и кој го оставил таму.