Украинската служба за безбедност денеска ја обвини Русија дека подготвува напад со „лажно знаме“ врз нафтената рафинерија Мозир во Белорусија, со цел да ги обвини украинските диверзанти и да се обиде да го вовлече Минск во војната во Украина.
Според соопштението објавено од Украинската служба за безбедност на Телеграм, нападот би го извршиле воени и разузнавачки сили испратени од Москва во Белорусија, маскирани како членови на Вагнер, кои беа протерани од Русија по организирањето бунт во Русија во јуни оваа година.
– Русија планира да ја обвини Украина за тоа што го направила за уште еднаш да се обиде да го вовлече Минск во целосна војна против нашата земја – се вели во соопштението, но нема докази за овие тврдења, пренесува Ројтерс.
Операција со лажно знаме е име за сите тајни операции и слични активности како што се вооружени и терористички напади, атентати или саботажи преземени од земја или организација на начин да се припишат на друга, обично ривалска земја или организација за пропагандни цели.