Во средно училиште во Германија дошло до конфликт меѓу ученик и ученичка, при што девојчето починало.
Инцидентот се случил по 10 часот во средното училиште Ловенорт во Сент Леон Рот, пренесува Билд.
Се сомнева дека се работи за конфликт меѓу ученик и ученичка кои претходно се познавале.
Според германските медиуми, напаѓачот е во бегство и по него интензивно се трага.
Според полицискиот штаб на Мејнхам, средното училиште било евакуирано, а учениците биле пренесени на безбедно место.
На лице место пристигнале голем број полицајци, како и спасувачки хеликоптер кој требало да го пренесе девојчето во болница, но од тежината на повредите таа починала на лице место.