Ученик убил ученичка! Полицијата трага по средношколецот!

Во средно училиште во Германија дошло до конфликт меѓу ученик и ученичка, при што девојчето починало.

Инцидентот се случил по 10 часот во средното училиште Ловенорт во Сент Леон Рот, пренесува Билд.

Се сомнева дека се работи за конфликт меѓу ученик и ученичка кои претходно се познавале.

Според германските медиуми, напаѓачот е во бегство и по него интензивно се трага.

Според полицискиот штаб на Мејнхам, средното училиште било евакуирано, а учениците биле пренесени на безбедно место.

На лице место пристигнале голем број полицајци, како и спасувачки хеликоптер кој требало да го пренесе девојчето во болница, но од тежината на повредите таа починала на лице место.