Мајката на Данка Илиќ за Нова.рс: „Секоја чест за полиција, ќе одговориме на сите глупости кога се ќе заврши“

Додека српската јавност ги чека информациите од австриската полиција, а српската полицијата ги демантира тврдењата на поедини медиуми дека мајката на исчезнатата Данка Илиќ ги гуглала граничните премини на Србија со Романија, се огласи самата мајка Ивана Илиќ која порача деке и е многу тешко, да чека Ивана да се врати жива и дека со сопругот ќе одговори на сите глупости во медиумите кога се ќе се заврши, јави дописникот на МИА од Белград.

Ивана за порталот Нова.рс наведува дека таа и нејзиниот сопруг се заедно, дека секојдневно се борат нивното дете што побрзо да се врати дома, но и дека со денови се шират бројни гласини за неа.

-Се држиме колку што можеме, само што побрзо да ја најдеме Данка. Чекаме да заврши сето ова, се надеваме на најдоброто, а потоа јас и сопругот ќе се огласиме јавно, и ќе одговориме на сите навреди, прозивки, небулози. Затоа не се огласуваме. Ме болат сите овие шпекулации, обвинувајќи ме мене и мојот сопруг, рече разочараната Ивана.

Таа за Нова откри што се крие зад пишувањата на одредени таблоиди, дека со вештачењето на нејзиниот телефон е откриено дека ги пребарувала граничните премини со Романија, но и до кој степен може кривично да одговара.

-Телефонот беше на форензика, само ќе го кажам тоа. Ако е така, јас не би била мајка која го бара моето дете, мојот статус би бил поинаков. Само сакам Данка да се врати жива и здрава, па потоа ќе разговараме за се, кажа Ивана за Нова.рс.

На прашањето дали го гледала видеото од Виена на кое наводно се гледа нејзиното дете, Ивана кажа дека го гледала.

-Го гледав видеото, но поради текот на истрагата не ми е дозволено да коментирам. Секоја чест за полицијата, луѓето не спијат, бараат деноноќно. Се надевам дека што побрзо ќе го гушнеме нашето дете, изјави мајката на исчезнатата Данка.

На прашањето дали се надева дека нејзиното дете е добро, Ивана рече дека не сака да верува во спротивно.

-Не сакам ни да размислувам за друга опција, заклучи Ивана.

Данка Илиќ на неполни две години исчезна минатата недела од имотот на семејството Драгомировиќ во улицата Војводе Радомира Путника во населбата Бањско Поље кај Бор. Мајката на Ивана дошла со тригодишниот син и ќерката која уште не наполнила две години, на имотот кој е прилично запуштен.

Во моментот кога отишла да му стави вода на синчето, девојчето исчезнало.