ДЕНЕС ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГО ИЗГУБИЈА ЖИВОТОТ! ЗАПОЧНА ЕВАКУАЦИЈАТА! Поради дождот ситуацијата станува се поалармантна (ВИДЕО)

Поради дождот по тајфунот ситуацијата во Кина станува катастрофална.
Поради дождот кој денеска продолжи да паѓа на североистокот на Кина по тајфунот Доксури, неколку лица ги загубија животите , некои се водат за исчезнати, додека илјадници луѓе се евакуирани. Според кинеските државни медиуми, едно лице загинало, а пет други се водат за исчезнати во градот Шулан, во провинцијата Џилин, каде врнело пет дена по ред, пренесува агенцијата.

Повеќе од 14.300 луѓе се евакуирани од Шулан, град со повеќе од 700.000 жители, соопшти локалната агенција за помош при катастрофи. Државната новинска агенција China News Service покажа слики од поплавени улици околу куќите и фабриките.

Просечните врнежи од дожд во градот до петокот попладне достигнаа 111,7 милиметри. Најмалку 22 лица загинаа во поплавите во близина на Пекинг и во соседната провинција Хебеи оваа недела.

Во главниот град на Хејлонгџијанг, Харбин, повеќе од 53.000 луѓе беа евакуирани бидејќи неколку резервоари и реки ги надминаа безбедносните нивоа, додека околу 41.600 хектари земјоделски култури беа оштетени.

Во градот Јушу во провинцијата Џилин, околу 120 километри јужно од Харбин, околу 19.000 луѓе се евакуирани поради поплави . Бројот на жртвите во 11-милионскиот град Баодинг достигна 10, додека уште 18 лица се водат како исчезнати , објавија локалните власти.

Кина се бори со рекордни врнежи во некои области, додека други се соочуваат со интензивни летни горештини и суша што им се заканува на посевите.