Поранешната „чуварка на плажата“ блесна на престижниот настан во беж фустан, кој го искомбинира со црни салонки.
Њујорк важи за една од најголемите престолнини на модата, а неодамна таму се одржаа и годишните модни награди.
На оваа свечена церемонија присуствуваа многу јавни личности, а една фатална русокоса ја освои главната награда и беше прогласена за икона на стилот.
Ако сè уште не сте погодиле, тоа е Памела Андерсон, која на овој настан се појави во долг беж фустан, а одлучи да облече потполно контрастни чевли, односно црни.
Покрај оваа награда беа доделени и оние за магазин на годината, модел на годината, најдобар подкаст и многу други. Манекенката Грејс Елизабет (26) е прогласена за модел на годината, додека познатата Сара Џесика Паркер ја доби наградата за бренд на чевли на годината.