Фатална русокоса прогласена за икона на стилот! Еве која актерка ја доби престижната модна награда (ФОТО)

Поранешната „чуварка на плажата“ блесна на престижниот настан во беж фустан, кој го искомбинира со црни салонки.

Њујорк важи за една од најголемите престолнини на модата, а неодамна таму се одржаа и годишните модни награди.

На оваа свечена церемонија присуствуваа многу јавни личности, а една фатална русокоса ја освои главната награда и беше прогласена за икона на стилот.

Ако сè уште не сте погодиле, тоа е Памела Андерсон, која на овој настан се појави во долг беж фустан, а одлучи да облече потполно контрастни чевли, односно црни.

Покрај оваа награда беа доделени и оние за магазин на годината, модел на годината, најдобар подкаст и многу други. Манекенката Грејс Елизабет (26) е прогласена за модел на годината, додека познатата Сара Џесика Паркер ја доби наградата за бренд на чевли на годината.