Првата снимка од Алекс (17) кој беше киднапиран пред 6 години: Момчето во придружба на полицијата пристигна кај баба му

Алекс Бети, британското момче кое исчезна во 2017 година, се врати дома кај својата баба во Англија.

Момчето се врати дома во предградијата на Манчестер по шест години, а тимот на BFMTV го сними неговото враќање.

На снимката се гледа како момче, облечено во белo, се враќа дома, придружувано од голем број полицајци.

Лицето на момчето не се гледа на видеото, бидејќи сè уште е малолетно. Полицијата од Манчестер постојано повторува да не се објавува неговиот лик во медиумите.

Алекс Бети, кој исчезна во 2017 година кога имал 11 години додека бил на одмор во Малага, јужна Шпанија со својата мајка и дедо, ја напуштил духовната заедница на Пиринеите каде што живеел, пренесува Ројтерс.

Заменик-обвинителот на Тулуз, Антоан Леру, во петокот рече дека британскиот тинејџер ги поминал последните две години во различни области на јужна Франција, живеејќи во „спиритуалистички заедници“ со неговата мајка.

Заменик-обвинителот на Тулуз изјави дека момчето четири дена пешачело низ Пиринеите, на југот на Франција, носејќи само скејтборд и 100 евра во џебот, објави Гардијан.

„Изгледало мирно и на прв поглед нормално. После години вака живеење, сигурен сум дека има психолошки последици, но тој изгледа како нормален тинејџер“, рече Леру, додавајќи дека Алекс се чини дека е „многу интелигентен“.

Лерои вели дека тинејџерот водел „номадски начин на живот“ шест години. со неговата мајка и дедо, кои биле „опседнати со енергија и соларни панели“. Дедото почина пред околу шест месеци, рече Леру, додавајќи дека мајката на момчето можеби моментално е во Финска.