Ослободен е единствениот осомничен за убиството во „Шиша бар“ во Скопје

Мажот (31), осомничен дека учествувал во пукотницата што во март се случи во кафулето „Шиша бар“ во Скопје , во која беа убиени две лица, е пуштен на слобода и ослободен од сите обвиненија.

Ова е лицето кое го увезе автомобилот „ауди“ со кој убијците побегнаа од местото на злосторството откако убија две лица, а третото го повредија.

Обвинителството не им дало одговор на прашањето каква е моменталната состојба на осомничениот и дали причината за ослободителната пресуда е тоа што немаат доволно докази.

Возилото што го користеле убијците било оставено на подвозникот во близина на местото на настанот.

Засега е познато дека убијците биле облечени во црна облека, а кога влегле во локалот почнале да викаат како да е полициска рација. Кога ги нашле целите, на вториот кат од локалот, почнале да пукаат и побегнале.

На лице место починале Ј.К и Е.И., додека третото лице е рането.

Според неофицијални информации, двајцата убиени во „Шиша бар“ се поврзани со скопското подземје.