Теа Таировиќ направи спектакл во Скопје: Донесе специјален гостин и за првпат заедно го испејаа големиот хит (фото)

Младата и успешна пејачка Теа Таировиќ синојка одржа концерт во Скопје.

Луѓето кои дојдоа да ја слушнат и видат, таа ги поздрави со прекрасна порака и првата песна што ја изведе беше песна која се чини дека е една од омилените на публиката во Македонија. Таа песна е ,,Na jednu noc.”

Теа ги пееше своите хитову, а вистинското уживање дојде кога на сцената со неа се појави специјален гостин.

Станува збор за еден од најпопуларните млади изведувачи во моментов, Михајло Веруовиќ Војаж. Публиката го поздрави со огромен аплауз и овации.

Двајцата за првпат заедно во живо ја изведоа дуетската песна „Балерина“ од истоимениот албум на Теа.