ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада, ДУИ објави документ за уставни измени потпишан и од лидерите на Вреди

Со средбата што вчера траеше над два и пол часа помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата Вреди, почнаа преговори за формирање на новата влада. На средбата на која присуствуваа претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, а од страна не Вреди лидерите на коалициските партии Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши, се договорени општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

A meeting between VMRO-DPMNE and the “Worth It” coalition was held Saturday, attended by VMRO-DPMNE leader Hristijan Mickoski and the leaders of the parties that make up the “Worth It” coalit

Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање. Се очекува од утре да почнат да разговараат работните групи.

Пред средбата Мицкоски изјави дека се работи за прва средба за запознавање, а по средбата Башким Бакиу, од коалицијата „Вреди“, изјави дека преговорите се одвиваат во позитивна и вистинска насока.

Од Европскиот фронт предводен од ДУИ пак, и вчера повторија дека се апсолутен победник на изборите со освоените 19 мандати. – Сметаме дека легитимитетот кај немнозинските заедници припаѓа кај нас, изјави Арбер Адеми, шеф на изборниот штаб на коалицијата Европски фронт одговарајќи на прашање каква опозиција ќе биде ДУИ со оглед дека е извесно коалицирањето на ВМРО-ДПМНЕ со „Вреди“.

Истовремено со средбата на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, Европскиот фронт одржа состанок на кој ја објави заедничката политичка декларација, што заедно со лидерите на албанската опозициска коалиција Вреди ја потпишале на 13 јануари годинава, дека ќе соработуваат само со политичките партии согласни за спроведување на уставните измени.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на прес-конференција посочи дека покрај него потписници на декларацијата се Арбен Таравари, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити.

– Имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓа државата и должноста што jа имаме кон граѓаните, чувствуваме обврска да изјавиме дека сме целосно решени, сега и во иднина да соработуваме и да владееме заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени како услов за продолжуванье на процесот на интеграција на земјата во ЕУ, стои во документот што го прочита Ахмети пред присутните.

The European Front published Saturday a joint political declaration, which, it said, was signed together with the leaders of the opposition coalition of parties of the Albanians - “Worth It”

Во декларацијата меѓу другото се вели дека предложените уставни измени имаат создадени ситуација која бара внимателно разгледување, отворен дијалог и заедничка посветеност за изнаоѓање на трајно и сеопфатно решение.

– Во овој дух на единство и колективна одговорност jа претставуваме оваа заедничка политичка изјава, согледувајќи ја итноста и тежината на предизвиците со кои се соочува Северна Македонија, стои во договорот.

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение вчера упати пораки до ДУИ, повикувајќи ја „конструктивно да се вклучи во демократските процеси наместо да прибегнува кон тактики на страв и манипулации“.

– ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја се неприфатливи. Обидите на ДУИ да се сликаат како бранители на албанските права не се ништо друго туку фасада за прилепување до власта по секоја цена. Нивното искуство доволно говори за нивните вистински намери. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на македонските Албанци „Вреди“, се залага за правда, транспарентност и вистинска застапеност за сите граѓани на Македонија. Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ. 

Пред стартот на преговорите со Вреди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски завчера одржа состанок со партнерите од коалицијата „Твоја Македонија“. Заменик претседателот на партијата, Тимчо Муцунски, во телевизиско интервју информираше дека се разговарало за трите главни постулати на следната влада, а тоа се економскиот развој, владеењето на правото и патот на интеграцијата на земјата во Европската Унија. Истите постулати ќе бидат дел од преговорите со коалицијата Вреди.

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ има освоено најмногу пратенички мандати, 58, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ , 18,  Коалицијата ВЛЕН, 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.

За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ,  пет од СДСМ и четири од Левица.  Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски вчера на седница на ДИК посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места.

Според Европскиот фронт, со поднесени приговори до ДИК од други политички партии за нерегуларности на избирачки места во изборните единици 5 и 6 се прави обид да им се одземат два пратенички мандата. 

Шефот на изборниот штаб на Европски фронт Адеми изјави дека „постојат сериозни обиди со политички дил, со политички договор да има изборен инженеринг, да се поткопува демократијата  и слободната волја на граѓаните и на легитимитетот“.

Koalicioni Fronti Evropian, i udhëhequr nga Bashkimi Demokratik për Integrim kumtoi se me ankesat e parashtruara deri te KSHZ-ja nga partitë tjera politike për parregullsi në vendvotime në nj

– Другите политички партии врз основа на непринципиелен политички дил и договор и газејќи врз волјата на граѓаните, на оркестриран начин поднеле приговори за избирачки места во Петтата и Шестата изборна единица, иако не е констатирана ниту една неправилност додека траеше изборниот процес и по неговото завршување.  А дека тоа е така се самите потписи на сите членови на избирачките одбори предложени од самите политички партии кои денеска и овие денови поднеле приговори. Целта е јасна – сакаат на Европскиот фронт да му одземат два пратенички мандати иако тие се резултат на чистата волја на граѓаните и на нивното слободно изразување, изјави меѓу другото Адеми.

Тој апелираше до Државната изборна комисија дека „има одговорност за секоја нивна одлука“ за заштита на слободното изразување на гласачите и за демократските гласови на граѓаните. За тие, како што рече, „темни сценарија за изборен инженеринг кои се кривично дело“ ја информирале меѓународната заедница односно САД и ЕУ, НАТО, ОБСЕ и ОДИХР. 

Новоизбраниот парламентарен состав треба да ја одржи конститутивната седница најдоцна до 28 мај. Претседателот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата треба да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници