Џорџина Родригез во последно време е мета на критики бидејќи ја користи секоја прилика да покаже колку е богата, а овој пат повторно е во центарот на вниманието поради накитот кој го сподели на социјалните мрежи за време на одмор.
Џорџина Родригез отсекогаш тврдела дека материјалните работи не ѝ значат многу во животот, но нејзините потези кажуваат поинаку.
Таа на социјалните мрежи покажа како се капе со накит на рацете вреден повеќе од 80.000 евра.
Накитот е од познат италијански бренд, а се работи за прстен и нараквица од бело злато од 18 карати со дијаманти. Заедно со овој накит, таа во еден момент покажа и часовник чија вредност се проценува на речиси 100.000 евра.
Познато е дека повеќето луѓе не сакаат да се капат со скап накит на рацете, па ова предизвика гнев кај дел од нејзините следбеници.