ФОТО | АРОГАНЦИЈАТА НА ЏОРГИНА РОДРИГЕЗ ГИ РУШИ СИТЕ ГРАНИЦИ – Љубовта на Кристијано Роналдо ја користи секоја прилика да покаже колку е богата, а овој пат ги (не)намерно ги испровоцира нејзините обожаватели!

Џорџина Родригез во последно време е мета на критики бидејќи ја користи секоја прилика да покаже колку е богата, а овој пат повторно е во центарот на вниманието поради накитот кој го сподели на социјалните мрежи за време на одмор.

Џорџина Родригез отсекогаш тврдела дека материјалните работи не ѝ значат многу во животот, но нејзините потези кажуваат поинаку.

Таа на социјалните мрежи покажа како се капе со накит на рацете вреден повеќе од 80.000 евра.

Џорџина Родригез
Џорџина Родригез

Накитот е од познат италијански бренд, а се работи за прстен и нараквица од бело злато од 18 карати со дијаманти. Заедно со овој накит, таа во еден момент покажа и часовник чија вредност се проценува на речиси 100.000 евра.

Познато е дека повеќето луѓе не сакаат да се капат со скап накит на рацете, па ова предизвика гнев кај дел од нејзините следбеници.