Еден од најдобрите тенисери во светот подарува луксузни лимузини затоа што не може да ги вози

Данскиот тенисер Холгер Руне (19) по втор пат во кариерата доби луксузен автомобил како награда за освојување на АТП турнир, но нема да може да го вози бидејќи нема возачка дозвола.

Имено, младиот тенисер во финалето на АТП турнирот во Минхен го победи Холанѓанецот Ботиќ ван де Зандшулп, а покрај паричната награда доби и нов скап електричен автомобил BMW I4.

Минатата година на овој турнир триумфираше актуелниот седми играч во светот, па овој моќен автомобил го доби од официјалниот спонзор.

„Добив два спортски автомобила, но сè уште сум немоќен – уште немам земено возачка дозвола. Планирам, но за тоа е потребно многу време“, низ насмевка изјави Руне.

Автомобилот што го добил минатата година му го подарил на татко му, а сега планира да израдува друг член на семејството.

„Минатогодишниот победнички автомобил сега е наш семеен автомобил. Татко ми најмногу го вози. Мислам дека некој друг од моето семејство ќе го добие овој нов автомобил”, откри Данецот.

Во разговорот по турнирот откри и дека на крајот на сезоната планира да оди на часови за конечно да добие возачка дозвола.

“Добив два спортски автомобили, но сè уште сум слаб. Всушност, сè уште ја немам земено возачката дозвола. Планирам, но за тоа е потребно многу време”, низ насмевка изјави Руне.

Автомобилот што го добил минатата година му го подарил на својот татко, а сега планира да израдува еден од членовите на семејството.

„Минатогодишниот победнички автомобил сега е наш семеен автомобил. Најмногу го вози татко ми. Мислам дека некој друг од моето семејство ќе го добие овој нов автомобил“, откри Данецот.

Во разговорот по турнирот откри и дека на крајот на сезоната планира да оди на тренинг за конечно да ја добие возачката дозвола.