ПОТВРДЕНО – Министерството за внатрешни работи на Србија објави: “Вознемирувачката аудио-снимка од пукањето во училиштето кое се шири на социјалните мрежи е лажна!“

Министерството за внатрешни работи на Република Србија ја информираше јавноста дека видеото кое се појави на социјалните мрежи, на кое се слушат наводно пукотниците на Коста К., е лажна. Тие наведуваат дека интензивно се работи на откривање и пронаоѓање на лицето кое ја објавила аудио-снимката.

МВР на Србија уште еднаш апелираше до сите граѓани, со оглед на сите настани што ја снајдоа оваа земја во последните денови, да го зачуваат својот разум и стабилност, особено кога станува збор за децата, кои дознаваат информации од различни извори.

Неопходно е нивните профили на социјалните мрежи да бидат под родителска контрола, но подеднакво е важно возрасните да покажат највисоко ниво на одговорност и да не објавуваат или споделуваат непроверени и несоодветни содржини на социјалните мрежи“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи на Србија, пренесуваат соседните медиуми.