ЧЕТВРТА ЖРТВА ОД НЕВРЕМЕТО ВО СЛОВЕНИЈА – Тело на маж било пронајдено на неколку стотини метри од својата куќа

Тело на маж е пронајдено денес на неколку стотини метри од куќата во која живеел на брегот на Сава во населбата Томачево, недалеку од Љубљана во Словенија, објавија тамошните медиуми.

Според првичните информации, се претпоставува дека мажот загинал во поплавата, јавуваат локалните медиуми.

Полицијата спроведува истрага и продолжува да собира информации за сите околности на немилите настани, јавува РТВ Словенија.

Словенечките медиуми во петокот јавија дека три лица го загубиле животот како последица на невремето.

Според Генералната полициска управа, една жена била однесена од вода во месноста Камник, а двајца холандски планинари загинале од гром во планините во областа Крање.