Нина Џогани, помладата сестра на Луна Џогани, во четвртокот доживеала несреќа, по што завршила во Ургентниот центар.
Нејзината мајка Анабела на јавноста и откри дека повредите на Нина не се сериозни, но дека е набиена и дека треба да се одмори. Меѓутоа нејзината наследничка не мисли така.
Имено, Нина се нашминкала и ја средувала косата, а потоа се фотографирала за Инстаграм, а сите забележале дека носи медицинска јака, која често им ја даваат на пациентите по несреќа.
Изгледа дека е расположена и насмеана, па се чини дека носењето на јаката не и е тешко.
Да потсетиме, како што изјави Анабела за Блиц, Нина возела по автопат и наеднаш закочила и удрила во друг автомобил.