(ФОТО) Вака изгледа Нина Џогани по сообраќајната несреќа – сестрата на Луна покажа што треба да носи додека не закрепне

Нина Џогани, помладата сестра на Луна Џогани, во четвртокот доживеала несреќа, по што завршила во Ургентниот центар.

Нејзината мајка Анабела на јавноста и откри дека повредите на Нина не се сериозни, но дека е набиена и дека треба да се одмори. Меѓутоа нејзината наследничка не мисли така.

Имено, Нина се нашминкала и ја средувала косата, а потоа се фотографирала за Инстаграм, а сите забележале дека носи медицинска јака, која често им ја даваат на пациентите по несреќа.

Изгледа дека е расположена и насмеана, па се чини дека носењето на јаката не и е тешко.

Да потсетиме, како што изјави Анабела за Блиц, Нина возела по автопат и наеднаш закочила и удрила во друг автомобил.