Невреме проследено со град го зафати регионот на Пробиштип.
Граѓаните на социјалните мрежи објавуваат фотографии и видео-снимки на кои се гледа дека невремето, кое се случило околу 17:30 било проследено со силен ветар и град, а како што велат се траело кратко околу пет до десет минути.
Локалната власт се уште нема информации дали има штети на инфраструктурата и на домаќинствата, а исто така и на земјоделските површини.
Според објавите од ѓраѓаните на социјалните мрежи, градот бил со големина на тениско топче.