ФОТО | КРАТКО, НО СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ ПРОБИШТИП – Паѓал град со големина на тениско топче – погледнете

Невреме проследено со град го зафати регионот на Пробиштип.

Граѓаните на социјалните мрежи објавуваат фотографии и видео-снимки на кои се гледа дека невремето, кое се случило околу 17:30  било проследено со силен ветар и град, а како што велат се траело кратко околу пет до десет минути.

Локалната власт се уште нема информации дали има штети на инфраструктурата и на домаќинствата, а исто така и на земјоделските површини. 

Според објавите од ѓраѓаните на социјалните мрежи, градот бил со големина на тениско топче.

Пробиштип