“БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ!“ – УХМР со предупредување до граѓаните: Големо и силно невреме доаѓа кон Македонија!

УХМР информира дека нестабилна облачна маса од територијата на Косово се префрла кон Северна Македонија.

Според информациите од УХМР, се очекува во наредниот час невреме да го зафати подрачјето на Скопската Котлина, како и регионот на Куманово.

УХМР вели дека невремето ќе биде проселдено со електрични празнења, пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Претходно денес, невреме проследено со град со големина на тениско топче го зафати регионот на Пробиштип на истокот од државата. Граѓаните на социјалните мрежи објавуваат фотографии и видео-снимки на кои се гледа дека невремето, кое се случило околу 17:30 било проследено со силен ветар и пороен дожд како и град, а како што велат се траело кратко околу пет до десет минути.

Пробиштип