ДРАМА НА ХАЛКИДИКИ – 3-годишно момче пронајдено онесвестено како плови далеку од брегот, таткото бил веднаш уапсен

Маж (42 г.) е уапсен под сомнение дека го загрозил животот на својот син откако 3-годишното момче било пронајдено во несвест во морето на грчкиот полуостров Халкидики.

Грчките локални медиуми јавуваат дека момчето било пронајдено во полусвесна состојба далеку од брегот, по што очевидец на несреќата се обидел да го реанимира.

Момчето прво со возило на итната помош било пренесено во локалната болница, а потоа во општата болница во Солун. Неговата состојба засега не е позната.

Неговиот татко подоцна бил уапсен поради сомнение дека изложил малолетно дете на опасност, односно затоа што го пуштил синот да плива во подлабокото море без да го придружува возрасно лице.