ВИКТОР ОРБАН ЖЕСТОКО ЈА НАПАДНА ЕУ! Премиерот на Унгарија го обвини Бирсел дека води LGBTQ офанзива: “Ние ќе ги зачуваме христијанските корени во државата!“

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, претходниот ден ја нападна Европската унија за – „водење на LGBTQ (ЛГБТК) офанзива“ и истакна дека Будимпешта ќе ги зачува христијанските корени на земјата.

Виктор Орбан, долгогодишен критичар на Брисел, исто така за време на говорот во Романија кажа дека се надева дека европските избори следната година ќе ги зајакнат владите што се противат на „федерализмот“ за кој се залагаат Германија и Франција.

Пред две години, унгарскиот премиер Виктор Орбан забрани содржини за кои верува дека промовираат хомосексуалност и промена на полот во училиштата, тврдејќи дека децата треба да бидат заштитени од LGBTQ пропаганда.

Виктор Орбан се судри и со Брисел за други прашања како владеењето на правото или реформите во медиумите и судството.

ЕУ е империја. Не смееме да имаме илузии. Федералистите се обидуваат да не истиснат. Отворено сакаа да ја сменат власта во Унгарија во 2022 година“, тврди Виктор Орбан и додава дека тоа сега се повторува и во Полска.

Полјаците ќе излезат на есен, каде конзервативната партија Право и правда (ПиС) ќе се обиде да освои трет мандат. ПиС усвои бронзени мерки слични на Фидес на Виктор Орбан, а двете земји се судрија околу владеењето на правото со Брисел, што доведе до суспензија на дел од европските фондови.

Виктор Орбан смета дека рамнотежата меѓу федералистите и државите кои не сакаат да му ги предадат овластувањата на Брисел се променила кога Велика Британија излезе од ЕУ, па сега само Варшава и Будимпешта се придржуваат до „антифедералистичката позиција“.

Виктор Орбан ја засили анти-LGBTQ реториката во време кога Унгарија се соочува со економска криза и висока инфлација, која беше 25 отсто во првиот квартал од годината.

За потсетување, Виктор Орбан е на власт од 2010 година.