Откако се излечи од лајмска болест, Бела Хадид (26 г.) се врати на модната писта и сними кампања за која имаше посебен имиџ.
Манекенката позираше за кампањата на брендот Marc Jacobs во футуристичко издание и без облека, а за потребите на снимањето ја „трансформираше“ косата за да изгледа ќелаво. Кампањата се вика „Heaven“, a фотографиите од истата можете да ги погледнете ОВДЕ.
На почетокот се чинеше дека манекенката е навистина ќелава, но веќе на следните фотографии ја имаше својата кафена коса. Косата беше добро скриена само за потребите на снимањето.
Манекенка е во прегратка со робот кој изгледа како да го глуми нејзиниот љубовник.
За потсетување, Бела Хадид направи пауза од кариерата и се огради од социјалните мрежи за да започне со лекување на лајмската болест со надеж дека ќе ги стави симптомите на хроничната болест „под контрола“, а на крајот според нејзините тврдења успеала да издвои тешка победа над ретката болест.