ФОТО | Најубавата жена на светот ја избриче главата !? Откако се излечи од тешка болест, на новите фотографии ја нема нејзината препознатлива коса

Откако се излечи од лајмска болест, Бела Хадид (26 г.) се врати на модната писта и сними кампања за која имаше посебен имиџ.

Манекенката позираше за кампањата на брендот Marc Jacobs во футуристичко издание и без облека, а за потребите на снимањето ја „трансформираше“ косата за да изгледа ќелаво. Кампањата се вика „Heaven“, a фотографиите од истата можете да ги погледнете ОВДЕ.

На почетокот се чинеше дека манекенката е навистина ќелава, но веќе на следните фотографии ја имаше својата кафена коса. Косата беше добро скриена само за потребите на снимањето.

Манекенка е во прегратка со робот кој изгледа како да го глуми нејзиниот љубовник.

За потсетување, Бела Хадид направи пауза од кариерата и се огради од социјалните мрежи за да започне со лекување на лајмската болест со надеж дека ќе ги стави симптомите на хроничната болест „под контрола“, а на крајот според нејзините тврдења успеала да издвои тешка победа над ретката болест.