ХОРОР ВО ГЕРМАНСКА БОЛНИЦА – Невидено крвопролевање: Тинејџер убил момче (7 г.) во психијатриска болница, а го повредил и обезбедувањето

7-годишно момче починало во психијатриска болница во Регенсбург, еден ден откако тинејџер (14 г.) го нападнал со нож.

Според германските медиуми, во нападот тешко е повреден еден вработен (63 г.).

Нападот се случил во четвртокот во ходникот на Психијатриската установа за деца и младинци кога тинејџер нападнал и тешко повредил момче со нож, а потоа и обезбедувањето кое се обидело да го спречи нападот.

Мажот е во болница во стабилна состојба“, соопштила од полицијата, пренесуваат медиумите.

Инспекторите во петокот објавија дека не може да се исклучи екстремистичката позадина на злосторството, бидејќи тинејџерот е веќе познат на полицијата за планирање екстремно насилство.

Во соопштението полицијата наведува и дека истрагата ја презела баварската централна канцеларија за борба против екстремизмот и тероризмот при Јавното обвинителство во Минхен.

Напаѓачот (14 г.) и е познат на полицијата од почетокот на оваа година бидејќи интензивно работел во соодветни интернет групи на планирање и извршување на најтешките акти на насилство. Во тој момент, пак, тој се уште не одговарал кривично“, соопштила од полицијата.

Локалните медиуми јавуваат дека тинејџерот планирал насилство во училиште во „Горниот Пфалц“.