ВИДЕО | Погледнете го најлошиот настап во историјата на уметничкото лизгање, тој доби резултат нула

Изминативе денови во Осака, Јапонија се одржа натпревар во уметничко лизгање, а најголемо внимание привлече 16-годишниот Индиец Симар Бајај кој за својот настап доби нула.

За прв пат во историјата на овој спорт, натпреварувач доби најлоша можна оценка на скала која вообичаено оди од нула до десет.

Бајај воопшто не е професионален лизгач, но право на настап имаа сите пријавени од нивните матични федерации. Бајај вежба уметничко лизгање само два часа неделно, па затоа неговиот невиден настап не треба да изненадува.

Сепак, тој собра бодови во други категории, па го зазеде 25. место, последно, со вкупно 5,51 бод.

Пред него, лизгачот Пери Сроха во 2021 година доби 0,84 поени, што беше најнегативен резултат досега.