ФОТО | Омилената водителка на пола Србија ги остави гледачите со отворена уста – погледнете во каков стајлинг се појави Јована Јеремиќ за време на утринска емисија

Контраверзната српската водителка, Јована Јеремиќ, ја водеше утринската програма на TV PINK во минијатурен црн фустан со висок шлиц.

Нејзините исончани и згодни нозе привлекоа внимание, а не можеше да остане незабележана ниту нејзината манекенска линија.

Црните салонки со отворени врвови одлично се вклопуваат во оваа жешка сцена.

Фотографијата од нејзиниот стајлинг таа ја сподели и на својот Инстаграм профил, каде следбениците ја опсипуваа со комплименти, а подоцна сподели и аутфит за емисијата „Ново викенд утро“ во кратко здолниште и градник со леопард принт.

Јована Јеремиќ

Добри нозе“, „Твоите нозе се најдобри“, „Убава“, „Лавица“, „Бомба“, „Божествена дама“, коментираат нејзините обожаватели под објавата.

Инаку, таа еднаш за регионалните медиуми изјави дека никогаш ништо не направила на себе односно дека нема ниту една естетска корекција на своето тело или лице.

Не сум направила никаква операција. Кога ќе одлучам да одам, со задоволство ќе го снимам тоа, а тоа ќе се случи можеби во следната половина од годината“, изјави таа, а потоа откри што точно сака да промени: „Планирам да ги корегирам моите гради бидејќи тие се многу опуштени од доењето“.

Јована Јеремиќ

Јована Јеремиќ кажала и дека ги корегирала само усните, но смета дека ова не припаѓа на пластична хирургија.

Да потсетиме, Јована Јеремиќ кон крајот на минатата година објави дека се развела од сопругот Воислав Милошевиќ и дека е подготвена за нова љубов и нов брак, како и дека има голем број додворувачи.

Јована ЈеремиќСрбија