Актерката Блејк Лајвли (36 г.), која се прослави во серијата „Gossip Girl“ како Серена ван дер Вудсен, со текот на времето стана холивудска миленичка и папараците внимателно ја следат.
Така оваа недела таа беше фатена како се шета со нејзината мајка Елејн, на која Блејк Лајвли личи неверојатно, а на прв поглед е јасно дека од неа го наследила својот заштитен знак – бујна руса коса.
Откако беа фотографирани од папараците, самата Блејк Лајвли на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија со нејзината мајка, на која се гледа колку личат, а објавата можете да ја погледнете ОВДЕ.
Зад Блејк Лајвли е возбудлива недела во која таа го прослави својот роденден со нејзината најдобра пријателка Тејлор Свифт, а потоа се обедини на забава со нејзините колешки од култната тинејџерска комедија „Sisterhood of The Traveling Pants“, актерките Алексис Бледел, Амбер Тамблин и Америка Ферер.
Инаку, Блејк Лајвли е во брак со актерот Рајан Рејнолдс, со кој има четири деца, а тие се еден од омилените парови на Холивуд.