ФОТО | Омилената на многумина холивудска актерка се прошета со својата мајка: На прв поглед јасно се гледа што Блејк Лајвли наследила од нејзе

Актерката Блејк Лајвли (36 г.), која се прослави во серијата „Gossip Girl“ како Серена ван дер Вудсен, со текот на времето стана холивудска миленичка и папараците внимателно ја следат.

Така оваа недела таа беше фатена како се шета со нејзината мајка Елејн, на која Блејк Лајвли личи неверојатно, а на прв поглед е јасно дека од неа го наследила својот заштитен знак – бујна руса коса.

Блејк Лајвли
Блејк Лајвли и нејзината мајка Елејн

Откако беа фотографирани од папараците, самата Блејк Лајвли на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија со нејзината мајка, на која се гледа колку личат, а објавата можете да ја погледнете ОВДЕ.

Зад Блејк Лајвли е возбудлива недела во која таа го прослави својот роденден со нејзината најдобра пријателка Тејлор Свифт, а потоа се обедини на забава со нејзините колешки од култната тинејџерска комедија „Sisterhood of The Traveling Pants“, актерките Алексис Бледел, Амбер Тамблин и Америка Ферер.

Инаку, Блејк Лајвли е во брак со актерот Рајан Рејнолдс, со кој има четири деца, а тие се еден од омилените парови на Холивуд.