ФОТО | Србинка мажена за богат Казахстанец ‘спие’ на милиони: “Не е милијардер! Тој е бизнисмен“

Инфлуенсерката Милица Полскаја не ги остава рамнодушни следбениците на социјалните мрежи со нејзиниот интересен живот. Имено, таа е мажена за милионер од Казахстан со кој има четири деца ФилипГошаЛав и Софија и живеат во значителен луксуз.

Милица Полскаја е родена во Бор, потоа се преселила во Ниш на факултет, а во 2010 година ја освоила титулата мис. Промената во нејзиниот живот дошла кога таа заминала од Србија во Дубаи за да работи како водителка.

Милица Полскаја

Студирав две години на државниот правен факултет. На почетокот бев со стипендија, додека третата година морав да се префрлам на самофинансирање. Решив сама да заработам пари за моето образование и затоа заминав во Дубаи. Првпат отидов на одмор, а подоцна на работа. Го потпишав договорот преку е-пошта, имав онлајн интервју преку Skype и ја добив работата како водителка. Фирмата ми ја обезбеди картата и сместувањето на почетокот. Подоцна бев унапредена и почнав да работам како ПР во познат клуб“, изјавила таа во една прилика за Blic.rs.

Таа го запознала својот сопруг една вечер на излегување.

Се запознавме во ноќен клуб. Не сакав да го запознаам првиот пат затоа што два часа пред тоа дојде неговиот пријател да се фотографира со мене. Неговиот пријател е огромен и дебел, а тој… Следната вечер повторно го сретнав во истиот клуб. Тој држеше две чаши шампањ и се насмевна. Останав со него кратко време бидејќи беше убав. Темен тен, бели заби, сини очи, имаше се. По еден час му го дадов мојот телефонски број и малку заигравме. Следниот ден ме викна на средба, за потоа да ми открие дека на другар му рекол – оваа девојка ќе ми роди син“, раскажа Милица Полскаја како го запознала сопругот.

Таа истакнува дека сопругот ја шармирал со насмевката и прекрасните сини очи. Многумина на социјалните мрежи шпекулираат дали нејзиниот сопруг е милијардер.

Милица Полскаја

Нема вистина во тоа дека тој е милијардер. Тој е бизнисмен, има своја фабрика и тоа е се што сакам да кажам за тоа. Сакам да ја чувам нашата приватност“, вели таа.

Неодамна на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм таа сподели со своите следбеници дека таа и нејзиниот сопруг имаат секс 7-12 пати неделно и сподели неколку совети со своите следбеници.

Еднаш Милица Полскаја раскажала колку им бил раскошен животот. Само на еден кат имаат 15-тина соби, гардеробер, четири бањи, а очекуваа да и пристигне и лифт. Имаат два базени, внатрешен и отворен. Ако Милица Полскаја сподели фотографија од нејзиниот мистериозен сопруг, таа му го покрива лицето.

животКазахстанМилица ПолскајаСрбија