ФОТО | СТРАШНА НЕСРЕЌА – 16-годишна девојка загинала од невремето во Италија: Дрво паднало врз шаторот во која таа спиела…

За време на синоќешното невреме во Италија, животот го загубила тинејџерка која била во младински извиднички камп во алпската долина Вал Камоника во регионот на Ломбардија.

Rai News јавува дека жртвата, по потекло од градот Комо, имала 16 години.

Се зборува дека била усмртена кога дрво паднало на шаторот во кој спиела. Претходно таа и други млади извидници поставиле камп во Палу на 1.400 метри надморска височина.

Во раните часови по полноќ, невреме ја зафати областа, проследено со силни налети на ветерот што собори дрво и го усмрти девојчето“, јавуваат тамошните медиуми.

Се вели дека по трагедијата овој камп на млади извидници бил распуштен, како и другиот лоциран во Вал Дорико.

ИталијаЛомбардијаневремесмрт