Од невремето што во понеделникот вечерта и вторникот наутро ја зафати Словенија, најмногу настрадаа западните делови на државата и областа Целје на истокот од земјата.
Медиумската агенција STA наведува дека поради невремето што ја зафати Словенија, струја нема во некои делови на западна Приморска и источна Штаерска.
Без струја се оставени околу 1.800 корисници на подрачјето на Словенска Бистрица и Птуј, соопшти компанијата Elektro од Марибор.
Снемало струја и во месноста Целје, а има и други оштетувања на локалната инфраструктура.
Според компанијата Elektro, во вторник наутро без струја останале повеќе од 1.500 корисници, а некои возови ќе доцнат поради невремето, соопштија од словенечки железници.
Во северниот дел на Приморска имало град кој оштетил покриви, прозорци и автомобили.
Околу 6.000 корисници останаа без струја во поширокото подрачје на Нова Горица на западот од Словенија, каде силните налети на ветер корнеле дрвја и уривале покриви.
Словенечките власти предупредуваат на продолжување на невремето или обилните врнежи во вторник, а постои и ризик од поплави, особено во североисточниот дел на Словенија.
На сила е портокалово предупредување за целата земја, додека на југ постои можност за попладневно невреме со град, пренесуваат тамошние медиуми.
Фотографиите се преземени од Фејсбук страницата Neurje.si