ФОТО | Хаос во Словенија поради силното невреме: Илјадници граѓани оставени без струја, ветерот откорнал многу дрвја, а градот оштетил повеќе куќи и автомобили – погледнете

Од невремето што во понеделникот вечерта и вторникот наутро ја зафати Словенија, најмногу настрадаа западните делови на државата и областа Целје на истокот од земјата.

Медиумската агенција STA наведува дека поради невремето што ја зафати Словенија, струја нема во некои делови на западна Приморска и источна Штаерска.

Без струја се оставени околу 1.800 корисници на подрачјето на Словенска Бистрица и Птуј, соопшти компанијата Elektro од Марибор.

Снемало струја и во месноста Целје, а има и други оштетувања на локалната инфраструктура.

Според компанијата Elektro, во вторник наутро без струја останале повеќе од 1.500 корисници, а некои возови ќе доцнат поради невремето, соопштија од словенечки железници.

Во северниот дел на Приморска имало град кој оштетил покриви, прозорци и автомобили.

Околу 6.000 корисници останаа без струја во поширокото подрачје на Нова Горица на западот од Словенија, каде силните налети на ветер корнеле дрвја и уривале покриви.

Словенечките власти предупредуваат на продолжување на невремето или обилните врнежи во вторник, а постои и ризик од поплави, особено во североисточниот дел на Словенија.

На сила е портокалово предупредување за целата земја, додека на југ постои можност за попладневно невреме со град, пренесуваат тамошние медиуми.

Фотографиите се преземени од Фејсбук страницата Neurje.si