Познат поранешен агент на МИ6 тврди: “Русија речиси се откажа од идејата дека воено ќе ја добие војната во Украина!“

Поранешниот познат британски разузнавач, Кристофер Стил, вели дека Русија „речиси се откажала“ од идејата да ја добие војната во Украина на бојното поле.

Поранешен припадник на британската разузнавачка служба МИ6 тврди дека фактот што Русија се фокусирала на несуштински области укажува на тоа дека таа ги користи своите ракети за да изврши притисок врз Украина и меѓународната заедница на други агенди.

Сведоци сме на де факто напад на слободната трговија“, вели Кристофер Стил.

Владимир Путин секако сака да го оспори начинот на кој функционираат светските пазари и системи на ЗападРусија речиси се откажа од победата во војната во Украина во традиционална воена смисла“, тврди поранешниот британски разузнавач.

Кристофер Стил вели дека Русија не ги постигнала своите цели и дека нејзината Армија страда од слаб морал и лошо раководство.

Ова е многу важно и сугерира дека руското воено раководство е во голема неволја. Украина ги нема овие проблеми“, заклучува Кристофер Стил.