СЕ ИЗГУБИ СЕКОЈА ТРАГА НА ПРИГОЖИН: Никој не знае каде е, требаше веќе да отиде во Белорусија, се знае и каде последен пат е виден

Никој во моментов не знае каде се наоѓа лидерот на побунетата платеничка војска „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој синоќа со посредство на белорускиот претседател Алексдандар Лукашенко го прекина походот на „Москва“, и се договори неговите војници да се вратат во своите теренски бази, а тој да се префрли во Белорусија, со добиени безбедносни гаранции.

Откако доцна синоќа беше виден како го напушта регионалниот воен штаб на Јужната команда на руската војска во Ростов, околу 500 километри јужно од Москва, денеска за Пригожин ништо не се знае, јавуваат светските агенции. 

Во текот на ноќта неговите тешко вооружените платеници се повлекоа од Ростов на Дон и целата област Воронеж, што во текот на целиот вчерашен ден беа под нивна контрола.

Според договорот, борците на групата „Вагнер“  треба да се вратат во своите бази во замена за безбедносни гаранции и посетепно инкорпорирање во редовните руски вооружени сили.