Претходната вечер (недела) нешто по полноќ на автопат во Словенија односно на делницата од Обрежје до Љубљана, се запали автобус на босанско-херцеговскиот превозник „Кантиќ“ кој возел на релација Сараево-Франкфурт.
Властите од Бања Лука јавуваат дека сите патници и возачот излегле од автобусот навреме и дека за среќа нема повредени.
Се наведува дека сообраќајот на таа делница бил во прекин до 01:30 часот, а пожарникарите го изгаснале пожарот и го обезбедувале местото на несреќата.
Во оваа сообраќајна несреќа е причинета поголема материјална штета, бидејќи автобусот е целосно уништен.
Поради запалениот автобус, сообраќајот е прекинат на делницата од автопатот меѓу Кроново и постојката за одмор Старине.