ФОТО | ХОРОР НА АВТОПАТ ВО СЛОВЕНИЈА – Целосно изгоре автобусот што возел на релација од Сараево за Франкфурт

Претходната вечер (недела) нешто по полноќ на автопат во Словенија односно на делницата од Обрежје до Љубљана, се запали автобус на босанско-херцеговскиот превозник „Кантиќ“ кој возел на релација Сараево-Франкфурт.

Властите од Бања Лука јавуваат дека сите патници и возачот излегле од автобусот навреме и дека за среќа нема повредени.

Се наведува дека сообраќајот на таа делница бил во прекин до 01:30 часот, а пожарникарите го изгаснале пожарот и го обезбедувале местото на несреќата.

Во оваа сообраќајна несреќа е причинета поголема материјална штета, бидејќи автобусот е целосно уништен.

Поради запалениот автобус, сообраќајот е прекинат на делницата од автопатот меѓу Кроново и постојката за одмор Старине.