Поранешниот претседател на Владата на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев, денес во објава на социјалните мрежи сподели фотографија со поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас.
Алексис Ципрас денес е во приватна посета на Струмица, кај неговиот личен пријател Зоран Заев.
Неформалната средба беше најавена претходно денес, а преку објава на социјалните мрежи Зоран Заев ја потврди средбата.
Во објавата Зоран Заев напиша:
„Добредојде во Струмица за другарот Алексис Ципрас кој денеска ми е на гости во приватна посета.
Се потсетуваме на нашите заеднички напори и придонеси кон мирот и стабилноста на Балканот и разговараме за предизвиците пред кои регионот е денес исправен.
Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција и моето другарство со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности“.