ФОТО | ЦИПРАС ПРИСТИГНА ВО СТРУМИЦА – Зоран Заев го пречека поранешниот премиер на Грција во приватна посета: “Моето другарство со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности“

Поранешниот претседател на Владата на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев, денес во објава на социјалните мрежи сподели фотографија со поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас.

Алексис Ципрас денес е во приватна посета на Струмица, кај неговиот личен пријател Зоран Заев.

Неформалната средба беше најавена претходно денес, а преку објава на социјалните мрежи Зоран Заев ја потврди средбата.

Во објавата Зоран Заев напиша:

Добредојде во Струмица за другарот Алексис Ципрас кој денеска ми е на гости во приватна посета.

Се потсетуваме на нашите заеднички напори и придонеси кон мирот и стабилноста на Балканот и разговараме за предизвиците пред кои регионот е денес исправен.

Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција и моето другарство со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности“.

Зоран Заев и Алексис Ципрас