ВИДЕО | Турција го претстави својот летечки автомобил – погледнете како изгледа “AirCar“

Турција го претстави својот летечки автомобил „AirCar“ на саемот за авијација и технологија во Измир, кој е организиран од Турската технолошка фондација (Т3) и Министерството за индустрија и технологија на Турција.

Мехмет Туран, софтверски инженер кој работел на развојот на летечкиот автомобил, изјави дека „AirCar“ тежи околу 450 килограми.

Ова е возило кое може да достигне брзина од 120 километри на час и има домет од 50 километри. Ова возило може да биде одлично решение за густ сообраќај“, вели Мехмет Туран.

Тој додаде дека би можеле да добијат дозвола да летаат во Турција веќе во 2025 година.

Досега завршивме околу 100 пробни летови“, посочи инженерот.