ВИДЕО | Ги намачкал рацете со мастило од лигњи и покажа што се случило потоа, ГОРКО ЗАЖАЛИЛ

На социјалните мрежи се шири вирално видео во кое маж по име Брајан Ванг покажа што се случува ако ги намачкате рацете со мастило од лигњи и не е тешко да се погоди дека тоа е целосна катастрофа.

Брајан на видеото ги покри рацете со мастило, а потоа објави видео од автомобилот и покажа како неговите раце останале црни и пет дена подоцна. После тоа, тој покажа како мастилото почна да му се лупи меѓу прстите и заклучи дека ќе бидат потребни и до две недели за целосно да се измие.

Преку 28 милиони луѓе го виделе клипот

Тој објасни како се кае за овој потег и се нарече „изрод“ и им порача на другите да не го следат неговиот пример. Клипот собра повеќе од 28,5 милиони прегледи и бројни коментари само на Твитер (X).

„Ова се вика бесплатна тетоважа“, „Барем имаше црна кошула па се му одговараше“ и „Ова не му требаше“, се дел од коментарите.