Џеоргина Родригез неодамна се појави на 80-от по ред филмски фестивал во Венеција.
На црвениот тепих таа го привлече вниманието во долг црвен фустан со спуштени прерамки кој изгледа идентично како фустанот што го носеше Џулија Робертс во филмот „Pretty Woman“. Покрај тоа, Џеоргина Родригез комбинираше бели ракавици и црни чизми на платформа.
Девојката на Кристијано Роналдо на социјалните мрежи покажа неколку фотографии од Венеција. Нејзините објави собраа повеќе од три милиони допаѓања за многу кратко време.
Кога пристигнала во Италија, Џеоргина Родригез особено го привлекла вниманието со чантата од брендот „Hermes“ со назив „Birkin“ чија цена е околу 230.000 евра, а во Венеција пристигнала со приватен авион.