ФОТО | Љубовницата на Кристијано Роналдо демонстрира моќ во Венеција: Нејзиниот фустан остава без здив, а модниот детал на него чини повеќе од 200.000 евра

Џеоргина Родригез неодамна се појави на 80-от по ред филмски фестивал во Венеција.

На црвениот тепих таа го привлече вниманието во долг црвен фустан со спуштени прерамки кој изгледа идентично како фустанот што го носеше Џулија Робертс во филмот „Pretty Woman“. Покрај тоа, Џеоргина Родригез комбинираше бели ракавици и црни чизми на платформа.

Џорџина Родригез
Џеоргина Родригез

Девојката на Кристијано Роналдо на социјалните мрежи покажа неколку фотографии од Венеција. Нејзините објави собраа повеќе од три милиони допаѓања за многу кратко време.

Кога пристигнала во Италија, Џеоргина Родригез особено го привлекла вниманието со чантата од брендот „Hermes“ со назив „Birkin“ чија цена е околу 230.000 евра, а во Венеција пристигнала со приватен авион.