ВИДЕО | Снимка од која се заледува крвта во вените – за време на лет на патнички авион поради турбуленции пукнал кровот, а тоа што се случувало е вистински хаос – погледнете!

Видео снимено од патник во Кина на кое се гледа што се случува за време на летот од Шангај до Пекинг минатиот понеделник ги шокираше сите!

Како што се гледа на снимката од летот на авио-компанијата Air China, патниците и екипажот буквално биле „исфрлени“ од нивните седишта за време на турбуленциите што настанале.

Според Daily Mail, по инцидентот се повредени најмалку еден патник и еден член на екипажот.

Опишувајќи што се случило, патникот на летот рекол дека покривот на авионот пукнал и дека бил активиран знак за излез.

Првата половина од летото беше мирна. Одеднаш во последните 30 до 40 минути додека патниците доаѓале и излегувале од тоалетот дошло до колапс“, изјавил еден од патниците за тамошните медиуми.

Овој патник им честитал на членовите на екипажот бидејќи, како што вели, „и покрај стравот, тие се жртвуваа за да ги заштитат патниците кои не носеа појаси. Потоа со професионализам и смиреност им помогнаа на сите што беа повредени“.